Новости

ДОКТОРИТЕ ПОРАЧУВААТ: НЕУМОРНО СЕ БОРИМЕ ЗА ЗДРАВЈЕТО И ЖИВОТОТ НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ

Здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Во видео обраќање, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан […]

ФИЛИПЧЕ: ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ УШТЕ 50 ЛЕГЛА ЗА КОВИД ПАЦИЕНТИ НА КЛИНИКАТА ЗА УВО, НОС И ГРЛО

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Тој го посети и новоотворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа. – Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавноздравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. […]

ФИЛИПЧЕ: ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ СЕ ПРЕМОРЕНИ, НО НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ, ДА ГИ ПОДДРЖИМЕ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат. -Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на […]

ФИЛИПЧЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ, БОЛНИЦИТЕ И КАДАРОТ СЕ ПОД ГОЛЕМ ПРИТИСОК

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, доц.д-р Венко Филипче во синоќешното интервју на телевизија Сител. Министерот рече докодлку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците. […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА СЕ ХОСПИТАЛИЗИРАНИ 28 ПАЦИЕНТИ, А ВКУПНО СЕ ЛЕКУВААТ 426 БОЛНИ СОМНИТЕЛНИ И ПОТВРДЕНИ ЗА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 426 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно19 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализрани на Институтот за белодробни […]

БРЗИ ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ОД УТРЕ ВО ШТИП, ГОСТИВАР, ПРИЛЕП, СТРУМИЦА И КИЧЕВО

Во пет здравствени институции во државата од утре ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Тестирања ќе се вршат во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и во општата болница во Кичево. Лаборанти од овие установи минатата недела беа на обука во Скопје, а во текот на неделата ќе продолжат обуките […]

ВО КОВИД ЦЕНТРИТЕ ВО СКОПЈЕ ЗА 24 ЧАСА ХОСПИТАЛИЗОИРАНИ 40 ПАЦИЕНТИ СО СИМПТОМИ НА КОВИД-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на ковид – 19. На интерните клиники имало вкупно10 приеми и тоа 6 во ковид центарот на Клиниката за Кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за […]

ДЕНЕСКА СЕ РЕГИСТРИРАНИ 1321 НОВИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 – ВКУПНАТА БРОЈКА НА ДИЈАГНОСТИЦИРАНИ Е 42540, ОЗДРАВЕНИ СЕ 433 ПАЦИЕНТИ – ПОЧИНАТИ СЕ 26 ЛИЦА

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3836 тестирања, а регистрирани се 1321 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-583, Куманово-100, Дебар-12, Штип-40, Прилеп-57, Тетово-80, Струга-13, Велес-64, Битола-50, Охрид-31, Кавадарци-23, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-15, Крива Паланка-9, Радовиш-5, Крушево-8, Кочани-29, Пробиштип-6, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-5, Берово-3, Валандово-4, Виница-13, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-12, Кичево-35, […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ЗА ПЕРИОД 2-8.11.2020: РАСТЕ БРОЈОТ НА КОВИД ПАЦИЕНТИ, НАЈМАЛКУ ЗАРАЗЕНИ СЕ ДЕЦА

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 2 до 8 ноември, 2020 г зголемен е бројот на ковид пациенти. Тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 13,3%, во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.280 нови позитивни случаи […]