ПОЧЕТНА

ФИЛИПЧЕ: ВАКЦИНИРАНИТЕ ГРАЃАНИ НЕ ТРЕБА ОДАТ ВО КАРАНТИН

Светот оди во насока целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани, очигледно сите свесни дека тоа е единствената можност да го вратиме нормалниот живот, изјави министерот Филипче. Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при […]

ЗА ВАКЦИНИРАНИТЕ ЛИЦА ОД ЗЕМЈАВА НЕМА ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊЕ И КАРАНТИН ВО ЗЕМЈИТЕ НА ЕУ

Вакцинираните лица од земјава можат да патуваат каде сакаат, приложувајќи ги ковид пасошите и сертификатите, информира министерот за здравство венко Филипче. Министерот посочи дека само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани […]

ОДОБРЕНИ ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ МЕРКИ ОД ВЛАДАТА ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

На вчерашната седница на Владата на Република Северна Македонија се донесоа следните нови мерки, препораки и протоколи за заштита на здравјето на населението од Ковид – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести: За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и […]

СРЕДБА ФИЛИПЧЕ-ЗИМЕР, ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА НАЦИОНАЛНАТА СТРАТЕГИЈА ЗА ЗДРАВСТВО, ВКЛУЧУВАЊЕ ВО „GLOBAL HEALTH SECURITY AGENDA“

Министерот за здравство, Венко Филипче се сретна со новиот носител на функцијата шеф на политички и економски оддел, Кристофер Зимер од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија. -Особена чест и задоволство е тоа што имавме можност да размениме повеќе факти во врска со моменталната епидемиолошка состојба и вакцинацијата на населението. На средбата […]

МЗ:ПРИСТИГНАА 20.000 ВАКЦИНИ АСТРА ЗЕНЕКА,ДОНАЦИЈА ОД ХРВАТСКА

Утрово во земјава пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска. Вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата. Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“, од страна на хрватската Влада. На почетокот од месец јули донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи […]

НОВО ВОЗИЛО ЗА ИМП ДОБИВА ПОЛИКЛИНИКАТА ШУТО ОРИЗАРИ

Поликлиниката во Шуто Оризари ќе добие медицинско возило за брза помош и ќе обезбеди плати за две лица од Ромска националност кои ќе бидат ангажирани во период од две години. Со оваа поддршка ги јакнеме капацитетите на Ромската заедница преку редовни здравствени прегледи, преку едукација за важноста на прегледите, преку правото за вакцинација, со цел […]

МЗ: ВО КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ВО БИТОЛА СТАВЕН ВО УПОТРЕБА НОВ АПАРАТ SPECT-CT ГАМА КАМЕРА

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ја посети Клиничката болница во Битола. Во рамки на проектот „ Меѓународна агенција за атомска енергија од Виена“, беше дониран нов апарат кој ќе служи за функционални испитувања на тироидната жлезда, бубрезите, венската циркулација и малигните заболувања.   Со употребата на овој апарат се нуди дополнителен квалитет на […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ХЕМАТОЛОГИЈА ПРВПАТ ИЗВЕДЕНА АФЕРЕЗА НА ПЕРИФЕРНИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ КАЈ ДЕТЕ

Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести, реализира афереза на периферни матични клетки кај 9 годишно дете, ХЛА ДНК идентичен донор на матични клетки за сестра која боледува од акутна леукемија и на која и е потребен третман со трансплантација на матични клетки. Со оваа соработка се отвара можност и […]

НА ОРТОПЕДИЈА ПРИ ТОАРИЛУЦ ПУШТЕНО ВО ФУНКЦИЈА ЦЕЛОСНО ОПРЕМЕНО РЕНОВИРАНО КРИЛО

По цели 70 години реновиран е и пуштен во употреба Блокот А на Клиниката за ортопедија, при ТОАРИЛУЦ. На оваа клиника се лекуваат пациенти со малигни заболувања на коскениот систем, пациенти кои имаат потешкотии по операциите и деца кои се лекуваат од истите болести. Со реновирањето на овој оддел се подобруваат болничките услови на пациентите […]

УСПЕШНО ИЗВРШЕНА РЕПЛАНТАЦИЈА НА КЛИНИКАТА ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА

На Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хирургија успешно е направена реплантација на десна подлактица . Оваа комплексна интервенција беше изведена од тим на хирурзи  и анестезиолози: Од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна  хирургија:Доц.д-р  Софија Пејкова, Д-р Бисера Николовска, Д-р Гордана Георгиева,  Од  Универзитетската  клиника за кардиохиругија: Д-р Мишел Андов, Од Универзитетската клиника за […]