НА УТРЕШНАТА ВЛАДИНА СЕДНИЦА ЌЕ ПРЕДЛОЖИМЕ УШТЕ ЕДЕН ПАКЕТ МЕРКИ КОЈ МОЖЕ ДА ГО НАМАЛИ БРОЈОТ НА НОВОЗАРАЗЕНИ ОД КОВИД-19

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче денеска изјави дека по утринскиот состанок со Комисијата за заразни болести го информираа штабот во Владата во однос на капацитетите на болниците и ја презентираа двонеделната анализа со епидемиолошката состојба во земјава.Во епидемиолошкиот дел се бележи значителен раст на новодијагностицирани случаи, процентуално најмногу во возрасните групи од третата, […]

СО ДАРУВАЊЕТО КРВНА ПЛАЗМА СЕ ПОКАЖУВА ВИСТИНСКА ХУМАНОСТ

-Првпат дарувам крв и планирам да продолжам со дарување. Во август заболев од Ковид-19, за среќа имав полесна клиничка слика, со симтоми како омалаксаност, без осет за мирис и вкус и по моето успешно заздравување одлучив да помогнам таму каде што е навистина неопходно. Апелирам тоа да го сторат и останатите оздравени пациенти кои имаат […]

ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ ПОВЕЌЕ ОД 1.820 ПРЕГЛЕДИ И КОНТРОЛИ ВО МОБИЛНАТА АМБУЛАНТА НА КЛИНИКАТА ЗА ПУЛМОЛОГИЈА

Во новиот модуларен амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија за еден месец се извршени повеќе од 1.820 прегледи и контроли. Во просек, дневно, доаѓаат меѓу 70-80 пациенти за преглед или за контрола, закажани преку системот МојТермин, како и за време на дежурство во вечерните часови. Во изминатиот период зголемен е бројот на пациенти за преглед, […]

ФИЛИПЧЕ: УТРЕ КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ЌЕ ДИСКУТИРА ДАЛИ СЕ ПОТРЕБНИ ДОПОЛНИТЕЛНИ РЕСТРИКЦИИ

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител истакна дека сите земји во Европа, па и ние го очекувавме овој бран, и ние соодветно на тоа ги подготвивме капацитетите. Во контекст на високите бројки на новозаразени Филипче истакна дека доколку се почитуваа мерките за заштита немаше да дојде […]

СТУДЕНТИТЕ ОД ШЕСТА ГОДИНА ПО ОПШТА МЕДИЦИНА СО ПОДДРШКА НА КОЛЕГИТЕ ЕПИДЕМИОЛОЗИ

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче и деканката на Медицинскиот Факултет во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, денеска, одржаа средба со студентите од шеста година по општа медицина. На средбата се разговараше за вклучување на студентите, идните лекари во процесот на справување од коронавирусот. -Во услови кога се соочуваме со најголемата светска здравствена криза, […]

СВЕТСКИ ДЕН НА ОДРЖУВАЊЕ ХИГИЕНА НА РАЦЕ – ВО КОВИД ПАНДЕМИЈАТА ХИГИЕНАТА НА РАЦЕ ЕДНА ОД ОСНОВНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВИРУСОТ

Светскиот ден на одржување хигиена на рацете – 15 октомври, годинава се одбележува под мотото „Хигиена на рацете за сите“, со цел подигнување на свесноста и разбирањето за важноста од редовно и темелно миење на рацете со сапун и вода, како најлесен и најдобар начин за превенција од болести и спречување на ширење на инфекции.  […]

ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ НА ОТВОРАЊЕТО НА НОВИОТ ПРОИЗВОДСТВЕН КАПАЦИТЕТ НЈСК ХОЛДИНГ: СЕКОЈА КРИЗА Е НОВА МОЖНОСТ, ИНВЕСТИЦИИТЕ ТОА ГО ПОТВРДУВААТ

–Новите сериозни инвестиции во овие исклучителни околности во услови на пандемија, кога неизвесноста е голема, а иднината полна со предизвици, влеваат сигурност,  обезбедуваат стимулирање на деловната активност и отвораат нови работни места, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче,  се обратија на отворањето на […]

ИЗВЕШТАЈ НА ИЈЗ ОД 5 ДО 11.10.2020 – ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА НОВОДИЈАГНОСТИЦИРАНИ И ПРОЦЕНТОТ НА ПОЗИТИВНИ ОД ТЕСТИРАНИ, НАЈЗАСТАПЕНА ВОЗРАСНАТА ГРУПА ОД 30 ДО 39 ГОДИНИ

Последниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 5 октомври до 11 октомври бележи зголемување на бројот на новодијагностицирани и процентот на позитивни од тестирани, најзастапена е возрасната група на лица на возраст од 30 до 39 години. Од 13.028 тестирања се дијагностицирани 2.243 новозаболени од 33 града во државата, што претставува зголемување […]

ПРЕКУ ЕУ ДОБИВАМЕ БРЗ ПРИСТАП ДО ЛЕКОТ РЕМДЕСИВИР

Преку Европската Унија нашата држава добива брз пристап до лекот Ремдесивир. Европската Комисија потпиша рамковен договор со фармацевтската компанија „Gilead“ за набавка на 500 илјади дози од „Veklury“, бренд името на лекот „Ремдесивир“, со можност за дополнително зголемување на количините. Заедничкиот договор за набавка е потпишан од 36 земји, вклучувајќи ги земјите од Европската Унија: […]

СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА РАНГИРАНА МЕЃУ ПРВИТЕ ТРИ ЗЕМЈИ ВО СВЕТОТ СО НАЈГОЛЕМ ПАД НА СТАПКАТА НА МРТВОРОДЕНИ ДЕЦА

Министерството за здравство информира дека според најновиот извештај на УНИЦЕФ, Република Северна Македонија е меѓу првите три земји во светот со најголем пад на стапката на мртвородени деца во периодот меѓу 2000 и 2019 година. Анализата на податоците покажува дека стапката на мртвородени деца во Северна Македонија се намалила од 10,8 мртвородени, на вкупно 1.000 […]