РАБОТЕН СОСТАНОК НА НАЦИОНАЛНОТО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ И АКУШЕРКИ СО МИНИСТЕРОТ И ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО Д-Р САЛИ И Д-Р РЕНДЕВСКИ

Се одржа работна средба на претставници од Националното здружение на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Северна Македонија со министерот и заменик министерот за здравство, д-р Сали и д-р Рендевски, на која се разговараше за суштинските прашања од областа на сестринството. Еден од приоритетите е изработката на закон за сестринска дејност со кој би […]

СО КАРАВАНОТ ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ВАКЦИНАЦИЈАТА ДО ГРАЃАНИТЕ

Заменик министерот за здравство Владимир Рендевски, претставникот на УСАИД за земјава, Ерик Јановски, заменик-претставникот на УНИЦЕФ, Артур Ајвазов, градоначалникот на Врапчиште, Исен Шабани и претставници од СЗО го посетија селото Неготино во Општина Врапчиште, една од последните локации на караванот за информирање и вакцинација против КОВИД-19. Караванот завршува во недела, со посетени вкупно 14 градски […]

САЛИ: КРВОДАРУВАЊЕТО Е НАЈВИСОК ЧИН НА АЛТРУИЗАМ, ПОСАКУВАМ СИТЕ ДА ИМАМЕ ДОБРО ЗДРАВЈЕ И ДА МОЖЕ ДА ДАРУВАМЕ КРВ

Дарувањето крв е највисок чин на алтруизам и тоа е чест само на здравите луѓе. Го организираме крводарувањето во пресрет на 7 Април – Светски ден на здравјето и пред почетокот на Светиот месец–Рамазан. Посакувам сите да имаме здравје и да имаме можност за крводарување, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали, кој даруваше крв […]

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО РЕНДЕВСКИ ГО ПОСЕТИ НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО СРБИЈА

Заменик министерот за здравство, д-р Владимир Рендевски, со претставникот на амбасадата на Република С. Македонија во Р. Србија Михаела Велинов го посетија новиот Клинички центар во Србија. Посетата е организирана во рамки на Првата светска конференција за Ковид-19, за запознавање со организацијата на работата и поставеноста на Ургентниот центар со одделите за интензивното одделение и […]

ДРЖАВНИОТ СЕКРЕТАР, ЈУСУФ ХАСАНИ СО СВОЕ ОБРАЌАЊЕ НА ОБУКАТА ОРГАНИЗИРАНА ОД ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПРАВНИЦИ ОД ЗДРАВСТВОТО

– Здравствениот систем не може да функционира ако ги немаме на време обезбедено потребните средства за работа, ако не функционира правилно системот на човечките ресурси, ако нема кој да укаже на правилата кои произлегуваат од прописите кои се однесуваат на здравствената заштита и здравственото осигурување – заради заштита на правата на осигураните лица, на евиденциите […]

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО, БЕКИМ САЛИ ОДРЖА СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР, Д-Р ГЕОРГ ВУЦАС

Министерот за здравство, Беким Сали одржа средба со австрискиот амбасадор, д-р Георг Вуцас.- Продлабочување на соработката во областа на здравството со Австрија и поддршка на нашите инцијативи за унапредување на здравствениот систем, како и помош при евентуална потреба од дополнителни количини вакцини, беа дел од темите на средбата. Исто така, се дискутираше за проектите кои […]

МИНИСТЕРОТ САЛИ ПРИСУСТВУВА НА СВЕЧЕНА ЦЕРЕМОНИЈА ПО ПОВОД ДОДЕЛУВАЊЕ ОРДЕН ЗА ЗАСЛУГИ И ПОВЕЛБА ЗА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Министерот за здравство Беким Сали присуствува на свечена церемонија по повод доделување орден за заслуги и повелба за Република Северна Македонија. Овој настан е во организација на претседателот на државата, Стево Пендаровски во чест на постигнагнатиот успех на национално и меѓународно ниво на годинешните добитници.

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА КРВОДАРИТЕЛСТВОТО – МИНАТАТА ГОДИНА СОБРАНИ НАД 53.000 ЕДИНИЦИ КРВ

Со свечен настан денеска беше одбележен Денот на крводарителството и 77 години постоење на Црвениот крст.Министерот за здравство, Беким Сали истакна дека дека овој настан е одлична можност да се потенцира важноста на крводаритеството како исклучително солидарен и хуман гест. – Токму Црвениот крст е наш постојан партнер во реализирање на активностите за континуирана воспитна […]

СВЕТСКИ ДЕН ЗА БОРБА ПРОТИВ ТУБЕРКУЛОЗАТА – 24 МАРТ

Светскиот ден на туберкулозата се одбележува на 24-ти март, со цел подигнување на јавната свест за застрашувачките здравствени, социјални и економски последици од туберкулозата и за зголемување на напорите да се стави крај на глобалната епидемија на туберкулоза. На 24 март, во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза […]

НА КЛИНИКАТА ЗА ОРТОПЕДИЈА ЗА ЕДНА НЕДЕЛА НАПРАВЕНИ ТРИ ТРАНСПЛАНТАЦИИ НА КОСКЕНИ ТКИВА

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ, минатата недела успешно се направени три имплантации на коскени ткива од починат донор кај пациенти со различни заболувања. Кај 16 годишна девојка со повреда здобиена при спортски натпревар, д-р Алан Андоновски направи успешна реконструкција на предниот вкрстен лигамент со лигамент од починат донор.  Кај  49-годишен пациент повреден при пад од 13 […]